Фазлиу: Рекорден број неважечки ливчиња сигнал дека власта ja оштети БЕСА

Порталот Sakte.net имаше интеру со портпаролот на Движењето Беса и шеф на кабинетот Фатон Фазлиу поврзано со нерегуларностите кои јавно ги осудија и ги доставија до надлежните органи. Фазлиу зборува за манипулациите наводно направени во Тетово и Чаир со гласачките ливчиња.

Sakte.net: Колку приговори сте поднеле до ДИК досега?

Фазлиу: Во државната изборна комисија поднесовме 86 приговори за изборни нерегуларности во општина Чаир и 10 приговори за изборни нерегуларности во општина Тетово.

Sakte.net: Каде се евидентирани поголемиот број од нерегуларностите според вас?

Нерегуларности беа забележани во речиси сите општини каде што се натпреварувавме, но поголемиот дел од нерегуларностите се забележани во општината Тетово и Чаир. Поради големиот број неважечки гласачки ливчиња, имаме сериозни сомневања дека манипулацијата е направена токму на овие гласачки ливчиња. Значи, повеќето од приговорите се однесуваат на овој дел.

Sakte.net: Ако овие приговори се прифатат, дали тоа значи дека може да има промена на резултатите?

Фазлиу: Овие се нерегуларности кои не само што ja поцрнија демократијата во нашата земја, но тие покажаа дека оваа влада со ништо не се разликува од претходните влади. Значи, кога на последните избори произволно ни ги земаа двајца пратеници, не очекуваме никакви промени од оваа Влада. ДИК која некогаш беше во сопственост на Груевски и ВМРО, се надеваме дека нема да се стави во употреба на Заев и СДСМ и да остане под влијание на владејачките партии.

Sakte.net: Од лидерите на Движењето Беса, пред и по изборите се пријавени бројни нерегуларности кои биле откриени во денот на гласањето. Ќе ги прифатите резултатите?

Фазлиу: По ова, слободно можеме да констатираме дека изборниот процес само демократски не бил. Затоа ја повикуваме државната изборна комисија повторно да ги разгледа жалбите и да одлучи непристрасно во корист на правдата.

(Sakte.net)