FBI добил пристап до податоците во телефонот на осомничениот за атентатот врз Трамп

Американското Федерално биро за истраги (FBI) соопшти во понедлникот дека добил пристап до телефонот на 20-годишниот Томас Метју Крукс, осомничениот за пукањето врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, додека продолжува да ги истражува мотивите за злосторството.

Во објавата на FBI се нагласува дека нивната истрага за пукањето во саботата на предзиборниот собир на Трамп, кое се третира како обид за атентат и потенцијален домашен тероризам, сѐ уште е во рана фаза.

„Техничките експерти на FBI успешно добија пристап до телефонот на Томас Метју Крукс и продолжуваат да ги анализираат неговите електронски уреди. Претресот на станот и возилото на субјектот е завршен“, се вели во соопштението.
се додава.

Бирото додва дека извршиле речиси сто разговори со сведоци.

Зборувајќи со новинарите во неделата, претставници на FBI изјавија дека сè уште не биле во можност да припишат идеологија или да најдат докази за мотивот за пукањето.

Пушката „AR-style 556“ што ја користел вооружениот напаѓач била легално купена од неговиот татко и официјални лица рекоа дека нема индиции дека осомничениот страдал од некакви ментални проблеми. Додадоа дека прелиминарниот преглед на неодамнешните повици и пораки на убиецот не го расветлува неговиот мотив или дали други лица можеби претходно знаеле за неговите планови.

Поранешниот претседател Трамп беше закачен во восина на десното уво од куршум при пукање на собирот во местото Батлер, во сојузната држава Пенсилванија, при што загина еден негов поддржувач уште двајца други се тешко ранети, пред агентите на Тајната служба да го застрелаат Крукс на покривот од необезбеден објект на само 140 метри од бината на која републиканскиот претседателски кандидат го започна својот предизборен настап