Американското Федерално биро за истраги (FBI) испрашувал оваа седмица неколку американски државјани кои се вработени во руската компанија за кобернетика безбедност „Kaspersky Lab“ чиешто седиште е во Москва во рамките на истрга за операциите на оваа компанија, изјавиле два извора запознаени со случајот.
Агентите на FBI ги поетиле домовите на споменатите службеници на компанијата во вторникот вечерта во повеќе американски градови, но немало налози за апсење, рекле изворите на Reuters кои барале да останат анонимни, бидејќи немале овластувања да разговараат за истрагата на Бирото.
Во текот на мај високи американски разузнавачки функдионери во своите сослушување пред разузнавачкиот комитет на Сенатот рекеле дека го разгледувале владиното користење на софтверот на „Kaspersky Lab“, а пратениците изразиле загриженосет дека Русија би можела да ги користи производите на оваа компанија за евентуален напад врз американските компјутерски системи.
Евгениј Касперски, основач и директор на компанијата, изјавил дека би се појавил во Сенатот за да ја отстрани секоја загриженоста во врска со производите на својата компанија.
Од Kaspersky Lab потврдија во средата во соопштението дека агентите на FBI изршиле „куси разговори“ со дел од нивните вработени во САД.
Телевизиската мрежа NBC News, која прва во средата извести за овие сослушувања, наведе дека најамлку десетина вработени на источниот и на западнито брег на САД биле посетени од агентите.
Но не е познато дали ова истрага е поврзана со актуелната истрага на FBI за наводната руска вмешаноста во американските претседателски избори во 2016 годна.