FBI ги предупредува Американците за лажни видеа чија цел е попречување на изборите

Американското Федерално биро за истраги (FBI0 ги предупреди Американците во вторникот за две нови лажни видеа во кои се наведува терористичка закана и изборен фалсификат, последна во низата дезинформации што властите очекуваат дека ќе се натрупаат додека гласачите се упатуваат кон гласачките места на денот на изборите.

Едно видео за кое се тврди дека е испратено од полицијата зборува за терористичка закана и ги повикува Американците „да гласаат од далечина“. На второто е лажно соопштение за печатот каде FBI зборува за наводно наместено гласање во пет затвори.

Двете снимки „не се автентични“, соопшти Федералното биро кое претходоно минатата седмица предупреди на уште две лажни снимки.

Официјални лица на сите нивоа на власт со седмици ги предупредуваат Американците за обиди за поктопување на изборниот процес со лажни информации. FBI ги повика гласачите да бараат веродостојни информации од доверливи извори.

До попладневните часови според средноевропско време немаше информации за поголеми изборни нарушувања во САД. Кејт Конли, службеник за сајбер безбедност во FBI, во вторникот рече дека тие сè уште не регистрирале никаков инцидент што би ја загрозил безбедноста на американската изборна инфраструктура, иако таа предупреди дека странските актери ќе го тврдат спротивното.

„Како што повторивме многу пати, можевме да видиме повеќе од оваа активност денес и во наредните недели, со посебен фокус на наративи кои ќе се обидат да влијаат на состојбите на „свинг““, предупреди Конли.

Американските разузнавачки агенции, исто така, во понеделникот соопштија дека очекуваат странските операции „да се интензивираат за време на изборниот процес и во наредните недели“, особено во седум клучни држави кои ќе го одредат конечниот победник на изборите. Но, генерланата директорка за сајбер безбедност на агенцијата, Џен Истерли, рече дека нејзиниот оддел сè уште нема докази дека тоа се случува.