Овие информации се појавија минатата недела кога во еден безбедносен документ се појавија информациите дека ИД запленила една машина за печатење пасоши во градот Деир ер Зур, на истокот на Сирија во текот на минатото лето.
Со оглед на тоа дека поминаа 17 месеци од падот на Рака во Деир ез Зур во рацете на ИД, постои голема веројатност дека поединци од Сирија со пасошите што се издадени во градовите под контрола на џихадистите отпатувале во САД, се наведува во документот.
Сепак, директорот на ФБИ наведува дека не постојат причини за верување дека џихадистите веќе се на територијата на САД со напомена дека разузнавачките служби константно се во потрага по сомнителни лица.
Проблемот со сириските пасоши дојде во фокусот на вниманието откако беше откриено дека двајца учесници во терористичките напади во Париз поседуваа сириски пасоши.
Повеќе за ова на следниот линк.