Агентите на ФБИ не пронајдоа експлозивна направа во авионот на „Ер Франс, кој сообраќаше на летот од Лос Анџелес до Париз, пишува МИА.
Синоќа два лета на „Ер Франс“ од САД за Париз беа откажани, односно пренасочени и тие по полетувањето слетаа, едниот на територијата на САД, другиот во Канада.
Маршурите им беа променети поради анонимни дојави за бомби во двете летала.
Авионот „Ербас А-380“, полетал од Лос Анџелес, слетал во Солт Лејк Сити, во сојузната држава Јута, каде патниците и екипажот биле симнати од леталото и префрлени на терминалот.
Друг лет од меѓународниот аеродром Далс, покрај Вашингтон, бил пренасочен кон меѓународниот аеродром Халифакс во канадската провинција Нова Шкотка, исто така поради безбедноста закана.
И двата авиона слетале без проблеми.