Роџер Стоун, политичкиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска беше приведен во Флорида од ФБИ агенти поради седум обвиненија, меѓу кои за закани над сведок и лажни изјави.
Соопштението за приведувањето на Стоун е од тимот на специјалниот обвинител Роберт Мулер, кој ја врши истрагата за руското, евентуално мешање во претседателските избори во 2016 година и каков карактер имале врските меѓу кампањата на Трамп и Москва.
Стоун ќе биде изведен денеска пред суд.