ФДП бара прекин на преговорите меѓу Србија и ЕУ

Заменик-шефот на пратеничката група на Слободарската партија на Германија (ФДП), Константин Куле, денеска побара замрзнување на преговорите за влез во ЕУ со Србија, поради безвизниот режим на Србија кон земјите од кои во Европа има голем број нерегуларни мигранти.

„Доаѓаат во Европа, со цел да ја дестабилизираат“, изјави Куле, кој остро го критикуваше српското раководство, велејќи дека политиката на Србија, која им овозможува на граѓаните надвор од ЕУ да влезат во земјата без визи, а потоа да ги „пренасочат“ во други европски земји, е виновна што во моментов се повеќе луѓе бараат хуманитарна заштита во Унијата.

Тој за „Шпигел“ изјави дека српската влада предизвикува човечки страдања и има за цел да ја дестабилизира Европа.

„Шпигел“ пишува дека Србија во моментов дозволува во ЕУ бројни бегалци кои влегле во Србија без виза од земји, како Индија, Тунис или Бурунди. Како резултат на тоа, Куле побара замрзнување на пристапните преговори, укажувајќи на блискоста на српските власти со Москва. Тој тврди дека српската влада се координира со Русија, која има, како што вели, „верен сојузник во Европа“ во Србија.

„Земја која ја оправдува и брани руската агресија против друга земја не смее да стане членка на ЕУ“, рече Куле.