Попладнево се блокирани популарните социјални мрежи на компанијата Мета, Фејсбук и Инстаграм. До овие две мрежи не може да се пристапи никаде во светот.
При обид за вклучување и пристап до ФБ и Инстаграм, корисникот не може да пристапи до мрежите и му се појавува одговор невалидна лозинка, истечена сесија или непостоечки пасворд.
Проблеми со пристап има и со други социјални мрежи и апликации како Google Play или Youtube, а недостапни се и комуникациските алатки на овие мрежи.
Првичните информации по специјализирани веб медиуми се дека најверојатно станува збор за синхронизиран пробив на дигиталните безбедносни системи на погодените мрежи и дека е резултат на голем хакерски напад. Засега нема официјални информации за причината и големината на проблемот.
На повеќе Твитер профили се шират и непотврдени шпекулации дека паѓањето на мрежите е поврзано со денешниот изборен Супер Вторник во САД.