Фејсбук месинџер ќе добие Face ID заклучување на апликацијата?

Фејсбук работи на нова безбедносна карактеристика за заклучување/отклучување на апликацијата Messenger. Со цел да ги заштити вашите разговори, апликацијата Facebook Messenger наскоро можеби ќе додаде “Face ID” заклучување на апликацијата, преку препознавање на лицето на корисникот.

Развојниот инженер Џејн Менчун Вонг открива дека функцијата “Face ID” сè уште е во рана фаза во развојот на кодот за Фејсбук. Новата функција на апликацијата Messenger веројатно ќе функционира на ист начин како и биометриското отклучување веќе достапно за WhatsApp.

Како што открива твитот од Џејн Менчун Вонг: „Facebook Messenger работи на “Face ID” заклучување на апликацијата. Функцијата ќе биде овозможена веднаш откако корисникот ќе го напушти Messenger или по одредено време. Се чини дека Face ID нема да биде испратен или зачуван на серверите на Фејсбук, според описот прикажан на екранот.“