Идејата е да се спречат корисниците се споредуваат со другите или да се чувствуваат лошо ако нивните објави не добиваат ист или поголем број на лајкови.
Фејсбук наскоро би можел да започне да го крие бројот на „лајкови“ од почетната страница, пишува TechCrunch.
Инстаграм веќе некое време ја тестира таа опација прикажувајќи им ги на другите корисници сам имињата на заедничките пријатели кои лајкнале некоја објава, а се чини дека се задоволни од тие тестирања, бидејќи се шпекулира дека и Фејсбук би можел да ја направи истата работа.
Идејата е да се спречат корисниците да се споредуваат со пријателите или останатите корисници на оваа мрежа или да се чувствуваат лошо доколку нивните објави не добиваат ист или поголем број на лајкови.
Исто така, на овој начин корисниците би можеле да бидат спречени во бришењето на објави за кои мислат дека не се доволно популарни.
Facebook is working to hide like counts, too!https://t.co/WnUrM12aZg
Tip @Techmeme pic.twitter.com/TdT73wT6A0
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) September 2, 2019
Млад инженер од Хонг Конг веќе воочил дека Фејсбук започнал да работи на криење на бројот на лајкови, па веста ја споделила на Твитер, за потоа и од самата компанија TechCrunch да потврдат дека навистина се размислува за тоа.
Укинувањето на лајковите би можело да го намали притисокот кој го чувствуваат корисници и да ги поттикне да ги споделуваат почесто и послободно, но исто така, тоа би можело и да го забрза егзодусотна корисниците од Фејсбук, стои во заклучокот на TechCrunch.