![dosie kenedi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/dosie-kenedi.jpg?resize=640%2C411&ssl=1)
Американското Федерални биро за истраги (FBI) го следело Ли Харви Освалд речиси еден мецес пред убиствто на 35-от претседател на САД, Џон Фицџелрад Кенеди, а неговите агенти биле предупредени дека се подготвува и негово убиство, потврдуваат документите кои потекнуваат од 1963 година, објавени во четвртокот на интерент страницата на Националниот архив.
Сведоштвата за ваквите наводи се содржат во официјалната белешка и интерниот меморандум на канцеларијата на FBI во Њу Ореланс, во сојузната држава Луизијана, којашто е датирана од 25-ти октомври 1963 година. Во неа се наведува дека агент на Бирото работел со „кубански извори“ на добивањето информации за таканаречениот Комитетот за чесни односи кон Куба. Тоа движење истапувало во поддршка на челникот на кубанската револуција Фидел Кастро.
Во FBI биле уверени дека Освалд бил член на споменатото движење. Самата белешка била предадена во Далас, во сојузната држава Тексас, бидејќи тогаш идниот убиец на американскиот претседател се преселил таму. Во документот е укажано дека Освалд може да се обиде да „формира филијала“ на кубанскиот комитет. „Канцеларијата во Њу Орлеанс ќе одржува контакт со кубанските извори за откривање на каква и да е активност на оваа организација, којашто веројатно ја прекинала дејноста по заминувањето од Њу Орлеанс на Ли Харви Освалд“, се наведува во службената белешка.
„Минатата ноќ во една од нашите канцеларии во Далас беше примен повик од човек, кој со мирен глас кажа дека е член на комитетот, организиран за убиство на Освалд“, се наведува во друг службен допис датиран од 24-ти ноември 1963 година, каде што се цитираат зборовите на тогашниот директор на FBI, Едгар Хувер.
Потоа FBI го предупредил шефот на локалната полиција, дека протви Освалд може да бидат преземени некакви активности. Началникот на полицијата уверувал дека ќе биде обезбедена соодветена заштита за Освалд. „Сепак, тоа не било сторено“, се нагласува во белешката на Бирото.
Еден од најомилените челници во историјата на САД беше застрелан на 22-ри ноември 1963 година за време на престојот во Далас. Владината комисија дојде до заклучок дека убитвото го извршил Ли Харви Освлад, поранешен маринец, кој дејствувал сам. Но до денес во САД многумина не ја прифаќаат оваа верзија, сметајќи дека Кенеди е жртва на заговор на Хавана или Москва или, пак, на американските тајни служби или на мафијата.
Сомневањата од почетокот ги поттикнуваат проблематизирањата дека Освалд бил способен последователно да изврши два или три исклучително прецизни истрела, како што е наведено во заклучокот на владината комисија, имајќи предвид дека се потребни по неколку секунди за репетирње на пушката и тоа додека претседателскиот конвој се движи. Според историчарот Џејмс Фитцер, податоците собрани од експертите укажуваат на тоа дека вкупно имало шест истрели, при што сите биле истрелани од различни правци.
Теоретичарите на заговорот за убиството на Кенеди, исто така, го истакнуваат фактот дека Освалд два дена по атентатот е застрелан во полициската станица во Далас, од страна на Џек Руби, припадник на мафијата кој истовремено бил прибиран во станицата за да биде испратен во федерален затвор.
Притоа, според погоре споменатата службена белешка на FBI, Руби одрекувал дека тој се јавил во канцеларитја на Бирото во Далас непосредно пред убиството, исто така наведувајќи дека нема никакви врски со други лица. „Тој тврдеше дека тагата поради убиствто на претседателот го нарпавило психички непресметлив“, се наведува во документот.
Во четвртокот 45-ти американски претседател Доналд Трамп, испрати меморандум за објавување на сајтот на Националниот архив на 2.891 документи кои досега ја носеа ознаката за врвна доверливост кои се однесуваат на убиството на претседателот Кенеди. Станува збор за уште еден дел од досието од коешто претходно на 24-ти јули годинава беа објавени 3.900 документи.
Трамп го потпиша во четвртокот меморандумот до шефовите на управите и агенциите во кабинетот, во кој им препорачува дека Американците очекуваат и заслужуваат владата да им „обезбеди колку е можно поголем пристап“ до документацијата „за луѓето конечно да може да бидат потполно информирани за сите аспекти од овој клучен настан“.
Иако според неговите сопствени зборови наложил „превезот конечно да се подигне“, поедини државни тела предупредиле „дека одредени информации треба и натаму да бидат недостапни за јавноста поради националната безбедност, заштитата на правниот поредок и дилемите поврзани со надворешната политика“. Американскиот претседател изјави дека во такава ситуација немал избор и бил принуден да го прифати изземањето на одредени делови од документите од неговата објава. Им наложил, сепак, на државните тела воследните 180 денови да ги проверат сите изземени делови. На крајот од овој период ќе се побара објавување на сите информации за кои службените тела нема да можат да поднесат докази дека треба да бидат задржани во тајност, стои во меморандумот на Трамп.