![feder](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/feder.jpg?resize=275%2C184&ssl=1)
Семејството на поранешниот светски тениски рекет број еден Швајцарецот Роже Федерер е зголемено за два нови члена, односно близнаците Лени и Лео. Сопругата на Федерер, Мирка, на свет донесе две машки деца, а тоа беше и причината поради која Швајцарецот во последен момент го откажа настапот на мастерсот во Мадрид.
„Мирка и јас сме неверојатно среќни што можеме да ве информираме дека се родија Лео и Лени,” објави Федерер на својот Твитер профил со што и официјално ја потврди информацијата на швајцарските медиуми.
Рожер и Мирка имаат и две ќерки кои исто така се близнаци и се родија пред четири години.