
Поранешниот светски тениски рекет број еден Швајцарецот Роже Федерер и неговата сопруга Мирка ,повторно ќе добијат близнаци, објавија швајцарските медиуми. Федерер и Мирка, на крајот од минатата година открија дека повторно ќе станат родители , а наводно по втор пат ќе добијат близнаци , овој пат момчиња, открил член на семејството Федерер.
Информацијата се’ уште не е официјално потврдена, а наводно шансите повторно да добијат близнаци се многу мали.
Медиумите во Швајцарија потсетија и дека во 2009 година, кога Федерер ги доби близначките, бил многу успешен на теренот . Го освои Ролан Гарос за прв пат во својата кариера , а потоа и Вимблон со што го помина Пит Самрас по бројот на освоени титули од големите турнири . Со огледа на стартот на 2014 година , навивачите веруваат дека би можел да ја повтори сезоната од 2009 година.