Турнирот го отворија Кеи Нишикори и Енди Мареј, а славеше Јапонецот со 2:0 (6:4 , 6:4).
Иако во првиот сет Мареј беше тој што прв направи брејк, и се очекуваше дека натпреварот ќе оди во негова корист, Нишикори со два брејка веднаш се врати во мечот и го доби сетот со 6:4. И во вториот сет Мареј како постојано да беше чекор поназад, па на крајот очекувано го загуби и вториот сет, а воедно и мечот.
Во вториот натпревар на турнирот, Рожер Федерер победи против Канаѓанецот Милош Раониќ со 2:0 (6:1 , 7:6). Ова беше и одмазда на Швајцарецот за поразот кој го доживеа токму од Раониќ на Мастерсот во Париз.
Федерер првиот сет го доби многу убедливо, додека во вториот Раониќ го крена нивото на својата игра, што резултираше со водство од 6:5 и меч топка. Сепак, Канаѓанецот не успеа да ја искористи, Федерер се избори за брејк во кој не му дозволи на Раониќ ниту еден единствен поен, односно славеше со 7:0.
Во рамките на А групата денеска се играат мечевите од 1.коло: Стан Вавринка – Томаш Бердих и Новак Ѓоковиќ – Марин Чилиќ.