Швајцарецот Роже Федерер се пласира во финалето на мастерс тенискиот турнир во Монте Карло, откако во полуфиналето го елиминира бранителот на титулата Србинот Новак Ѓоковиќ со 7:5, 6:2
Федерер за титулата во Монте Карло ќе игра со сонародникот Станислав Вавринка, кој во првото полуфинале беше подобар од Шпанецот Давид Ферер со 6:1, 7:6.