Напротив, Федерер тврди дека веќе го има планот за настапи во 2016 година, па дури потоа можеби ќе размислува на таа тема.
Дека годините ништо не му можат, најдобар доказ е фактот дека во моментов се наоѓа на второто место на АТП листата, оваа сезона освои шест титули, а во неделата на турнирот во Базел во финалето го совлада долгогодишниот ривал Рафаел Надал.
Имам многу јасен план до декември 2016 година и во моментов со мојата сопруга размислуваме каде ќе го прославиме тој Божиќ. Потоа, 2017 година е крстосница за мене и можеби тогаш ќе почнам да ја планирам пензијата, изјави Федерер.
Ако се земе предвид целата сезона, тој има ефект од 58 победи и само девет порази, а покрај шестте трофеи, се пласираше и во две финалиња на Гренд слем турнирите. Само Ѓоковиќ има подобар биланс од него и токму Србинот во два наврати го спречи да дојде до 18-та Гренд слем титула во кариерата.
На крајот од оваа сезона, односно за две недели, Федерер по 14-ти рекорден пат ќе учествува на завршниот турнир, кој повторно се одржува во Лондон.