Федерер како во најдобрите денови

Најдобриот светски тенисер, Роџер Федерер го изедначи својот рекорд од 16 победи во низа по победата на Јужнокореецот Хјун Чунг, во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс.

Федерер првиот сет го доби со 7:5, а во вториот го прегази надежниот тенисер со 6:1 и избори пласман меѓу четирите најдобри каде ќе се сретне со Хрватот Борна Чориќ.

Ова беше 16. победа за Федерер оваа сезона без пораз, а ваков учинок имал во 2006 година. Доколку го добие и полуфиналето ќе го има најдобриот старт во кариерата.