По освоени 20 Гренд слем трофеи и речиси 100 титули, најдобриот светски тенисер Роџер Федерер вечерва, на возраст од 36 години го оствари најдобриот старт во кариерата. Тој во полуфиналето на Индијан Велс го победи Хрватот Борна Чориќ и ја забележа 17 победа во низа од стартот на сезонава.
Досегашен рекорд му беше оној од 2006 година кога почна со 16-0, а сезоната ја заврши со биланс 92-5 и 12 титули од кои три Грен слема.
Хрватот пружи силен отпор и го доби првиот сет со 7:5, а имаше и водство од 4:2 во вториот, кој го доби Швајцарецот со 4:6. Федерер игра во животна форма, па со 6:4 го доби третиот сет, иако Чориќ имаше два брејка.
Популарниот „Федекс“ по рекорден осми пат ќе игра финале на Индијан Велс и ќе се бори за шестиот трофеј. Во финалето, тој ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Милош Раониќ и Хуан Мартин Дел Потро.