Федерер: Надал и јас не сме најдобри пријатели

Швајцарецот Роџер Федерер зборуваше за односите со Шпанецот Рафаел Надал. Според него, долгогодишните ривали многу се почитуваат едни со други, но не се нешто големи пријатели.

-Ние се разбираме совршено. Кога комуницира со мене, Рафа е секогаш отворен и искрен. Ние многу се почитуваме. Но, не мислам дека сме најдобри пријатели. Тој има пријатели и подобри од мене. Исто како и јас. Но, главната работа меѓу нас е почитта. Ние сме противници само на теренот, изјави Федерер за „Tennis World USA“.

Федерер и Надал заедно со Новак Ѓоковиќ се најдобрите тројца светски тенисери последните години и воопшто меѓу најдобрите во историјата на овој спорт.