Швајцарецот Роџер Федерер зборуваше за големиот ривал на теренот, Шпанецот Рафаел Надал кој за прв пат по операцијата беше во можност да тренира.
Надал никогаш не се откажува. Игра со ист интензитет од почетокот на натпреварот до крај. И така во секоја игра. Тоа е многу важно. Таквата негова особина го прави различен од другите играчи, изјави Федерер за „Тенис Ворлд САД“.
За потсетување, Надал направи операција на глуждот. Поради повредата, тој не беше во можност да го комплетира полуфиналето на УС Опен против Хуан Мартин Дел Потро и оттогаш не играше.
На крајот од годината, Надал планира да игра на ревијален турнир во Абу Даби.