Поранешниот светски тениски рекет број еден Швајцарецот Роже Федерер призна дека би сакала да игра подолги натпревари како што беше во финалето на мастерс турнирот во Индијан Велс, против Новак Ѓоковиќ.
“Мислам дека треба да се вратиме кон она време кога игравме натпревари на турнирите во пет сета. Мислам дека мастерс турнирите повторно треба да се играат во три добиени сетови. Јас го велам ова со причина бидејќи имам играно и помали турнири во пет сета. Сепак, оставам на АТП да одлучи кои турнири може и треба да се играат во пет сета”, изјави Федерер.
Федерер сезонава игра во одлична форма. Тој ја освои титулата на АТП турнирот во Дубаи, додека во финалето во Индијан Велс загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ.