Федерер со дрзок одговор кон новинар: Еве кое прашање го извади од такт

Швајцарската тениска легенда, Роџер Федерер, се вознемири од новинарското прашање по неговата победа во четвртфиналето на „Вимблдон“.

Во полуфиналниот дуел, тој ќе се соочи со својот голем ривал Рафаел Надал во едно од најголемите ривалства во машкиот тенис во последните 15 години.

Рафа победувал 24 пати, а Роџер – 15. За последен пат се сретнаа во полуфиналето на „Ролан Гарос“, а Шпанецот победи лесно со 6:3, 6:4, 6:2.

Прашањето што го предизвика ироничниот одговор на Федерер беше: „Кои силни страни на Надал се негов главен проблем во нивните меѓусебни средби?“

-Вие не сте прв ден на работа. Знаете сè за Рафа, како и јас. Јас не гледам смисла да ги набројувам неговите предности и слабости. Во последниве години тој значително ја подобри својата игра на трева. Веќе сервира на поинаков начин, има малку врска со минатото. Сега тој добива многу лесни поени со својот прв сервис. Не сме се сретнале на трева долго време и ќе биде интересно, рече Федерер.

Тие последен пат се сретнаа во финалето на „Ол Ингланд Клаб“ во 2008 година, а Матадорот запиша незаборавна победа од 6:4, 6:4, 6:7 (5), 6:7 (8), 9:7.