Федерер во Мајами ја освои 101-та титула

Швајцарецот Роџер Федерер е победник на АТП турнирот во Мајами, откако во финалето го совлада бранителот на титулата Американеци Џон Иснер со 6:1 и 6:4 за само час и три минути игра.

Федерер во првиот сет дури трипати му го одземаше сервисот на далеку повисокиот Иснер, додека кон крајот на вториот сет Американецот почувствува болка во колкот што го оневозможи нормално да сервира во последниот гем од дуелот кгоа Федерер оствари „брејк“ со кој го заврши финалето.

За 37-годишниот Швајцарец ова е 101-от освоен турнир во кариерата, од тоа 28 од серијата „мастерс 1000“ и тоа во 50 финалиња, а во Мајами славеше по четврти пар, по 2005, 2006 и 2017 година.