![feenord roma](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/feenord-roma.jpg?resize=640%2C356&ssl=1)
Рома на половина прво полувреме го загуби својот најдобар фудбалер Пауло Дибала кој поради повреда мораше да биде сменет, па Лоренцо Пелегрини промаши пенал две минути пред полувремето, а таа утка ја казнија домаќините после девет минути во вториот дел кога Матс Вајфер погоди во мрежата на римјаните.
Така Феенорд барем утешно се одмазди за мајското загубено финале и сега на реваншот ќе се обиде да остане непоразен за да ја комплетира таа одмазда и да продолжи во битката за пехарот. Рома, пак, многу повеќе главоболка ѝ задава повредата на Дибала во завршницата од сезоната и битката во Серија А за место во Лигата на шампионите.