Социјалната мрежа „Фејсбук“ е основана на денешен ден пред десет години, а за тоа време успеа да собере фантастичен број од 1,23 милијарди корисници, што е еднакво на целото население во втората по ред најнаселена земја во светот- Индија.
„Фејсбук“, покрај Интернетот, „Википедија“ и „Скајп“, е еден од најдобрите примери за тоа како Интернерот нуди иновации кои што внесуваат значајни промени во системот.
Оваа социјална мрежа е креација на талентираниот визионер, Марк Цукерберг. Но, „Фејсбук“ не била првата социјална мрежа, па затоа е интересно да се истражи како се избори за доминација на тој пазар.
Кога за прв пат се појави многумина го споредуваа со сајтот „Мај Спејс“, но она по што се разликуваше од останатите, освен техничката виртуозност на неговиот основач, тукa и неговиот почетен екслузивитет.
За да станете член, на почетокот, моравте да бидете студент на еден од најелитните американски универзитет- Харвард. Нешто подоцна се прошири и на другите универзитети во Америка, а на крајот и низ целиот свет.
Со текот на времето оваа социјална мрежа регистрира се’ поголем број на корисници и стана се’ попривлечна за луѓето кои сакаат да се поврзат со нивните пријатели ширум светот.