
Бројни корисници ширум светот денес не може да се приклучат на своите профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.
Како што наведува „Индипендент“, страниците на овие социјални мрежи не беа достапни, а дел од корисниците на Фејсбук добиле известување дека сервисот не работи.
Слични ситуации имало и претходно, а истите покажале дека големиот колапс на Фејсбук и Инстаграм е предизвикан од работа на системот пред пуштање на некоја голема промена на овие социјални мрежи.
Фејсбук и Инстаграм се дел од царството на Марк Цукерберг.