
Фејсбук најави дека наскоро ќе развие нова технологија која на корисниците ќе им овозможи приклучување на социјалната мрежа, дури и ако не се поврзани на интернет, објави „Тајмс“.
Според претставници на „ Фејсбук “, идејата за развој на оваа технологија потекнала од поплаките на многу корисници дека поради лошиот интернет сигнал или бавната конекција имаат проблеми при сурфањето на социјалната мрежа.
– Ние сакаме на корисниците да им овозможиме пристап до инфорамциите кои им се важни. Ако врската е лоша, нивниот „news feed“ не се обновува и немаат пристап до нови содржини, соопшти Фејсбук.
Компанијата работи на развој на технологија која би требало да врши обнова на софтверот со информации и би им овоможувала на корисниците на Фејсбук да бидат активни, дури и без интернет конекција. Корисниците и тогаш ќе можат да коментираат содржини на мрежата и да објавуваат фотографии или статуси.
– Ова ќе го унапреди користењето на нашите услуги и ќе им помогне на сите оние кои живеат на места со лош интернет сигнал или пак минуват низ тунели и други места каде често се прекинува конекцијата, прицизира Фејсбук.