Фејсбук под инвазија од фантомски профили на СДСМ

Голем број на лажни профили, зад кои стојат членови и симпатизери на опозициската СДСМ, масовно се појавија изминативе неколку недели на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Најверојатно под партиска наредба, истите фантомски профили коментираат на сите критички текстови за СДСМ, кои се постирани на социјалната мрежа. Но, најинтересно е тоа што нивните коментари се најчесто закани и навреди.

Исто така, закани упатуваат и кон сите оние што јавно ја поддржуваат владејачката ВМРО ДПМНЕ. Очигледно дека партиска задача им е и да шират еуфорија дека ВМРО ДПМНЕ паѓа од власт, дека доаѓа СДСМ и дека потоа следуваат пресметки од секаков вид, па дури и физички, со сите неоистомисленици.

Но, заканите не застануваат тука, тие одат до таму што на новинарите, кои го критикуваат СДСМ, наводно им следувале долгогодишни затворски казни, а на медиумите во кои работат им следува „клуч на врата“.

Исто така, истите тие фантомски профили постојано постираат текстови од сомнителни интернет страници, како на пример дека раководството на државата наводно избегало во странство, а се’ со цел да се креира чувство на страв и збунетост кај граѓаните.

Така на пример, информативни сајтови се појавуваат преку ноќ и тие веднаш за членовите на СДСМ стануваат релевантни извори на информации. Овие квази сајтови објавуваат текстови од типот дека директорот на ДБК, Сашо Мијалков, побегнал во Чешка, дека минстерката за внатрешни работи побегнала во САД, иако таа таму е во работна посета. Потоа дека министерот за финансии, Зоран Ставревски, прво во момент на нервоза кршел во Централниот партиски штаб на ВМРО ДПМНЕ, а во исто време објавуваат информација дека имал работна средба во Лондон. На крајот и тој ја напуштил Македонија. Кога премиерот Никола Груевски замина работно во Австрија, почнаа да се појавуваат текстови дека тој наводно бега од земјава.

Меѓу последните информирации кои излегоа од овие портали е и тешката сообраќајна несреќа која во текот на вчерашниот ден ја доживеал уредникот на Сител телевизија, Драган Павловиќ-Латас. Но, на крајот сето тоа се покажа само како обична лага, сервирана од тимот на СДСМ задолжен за односи со јавност.

Граѓаните ги оценуваат овие работи само како очајнички обиди на политички лузери, кои ќе направат се’ само за да дојдат на власт.

Преку користење на лажни профили, личноста може да каже што сака

Лажните профили на социјалните мрежи се маска за анонимноста на оние кои ги користат лажните профили. Во нив има лажни фотографии, податоци и слично, вели професорот по психологија, Зоран Михајловски.

Тој додава дека е природно тој фактор, односно, корисник на лажен профил, да го изрази своето мислење баш онака како што го чувствува бидејќи на овој начин тој нема никаква одговорност.

Дали коментарите ќе бидат позитивни или негативни, влијае и од тоа од кој медиум одредена информација е презентирана во јавноста.

– Луѓето оставаат свој коментар по два основи, едниот е спонтан, во кој преку лажнот профил се искажува она што во директна комуникација тоа никогаш нема да го каже, како и политички, односно инструменти на говор на омраза кои доаѓаат од центрите за комуникации на политичките партии, вели Михајловски.

Ова се само дел од тие коментари:

ddd

dfrfkjdhg

dsd

esjksl

eve

kkk

mkoklo

mkolp

nhjb

nvjdnjeofne

okojn

sbxsh

Screenshot_3

sdsdsd

FBzakani