Со повеќе од 2 милијарди корисници, технолошкиот гигант Фејсбук би можел да создаде прва криптовалута за масовниот пазар. Досега најголемата промена во менаџментот на Фејсбук ги откри плановите на социјална мрежа за да ја развие своијата блокчејн технологија, иако не се знае за каква цел.
Дејвид Маркус, поранешниот шеф на фејсбук Месинџер пред три дена објави дека ќе ја води истражувачката блокчејн група која ќе поднесува извештај директно на Главниот технички директор, Мајк Шрепфер. Маркус ова го објави по гласините дека извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг е заинтересиран за создавање на сопствена криптовалута. Но нема многу детали за тоа што точно ќе прави тимот на Маркус.
По четири неверојатно наградувани години во водењето на Месинџер, решив дека е време да преземам нов предизвик. Собрав една мала група да истражиме како најдобро да го поставам блокчејн на Фејсбук, почнувајќи со скици – рече Маркус.
Блокчејн ентузијастите ја гледаат оваа технологија како начин Фејсбук да направи пресврт и да реши многу од неодамнешните проблеми со приватноста на податоците на корисниците, која во јавноста излезе по објавување на аферата со „Кембриџ аналитикс“. Со интегрирање на блокчејн технологијата во својот бизнис модел, Фејсбук би можел да спречи такви инциденти во иднина.
Иако постојат и други поефтини и побрзи алтернативи за заштита на приватноста, блокчејн им овозможува на корисниците да ги контролираат своите податоци до крај. Тоа може да биде привлечно за Фејсбук, со оглед на неодамнешниот скандал со „Кембриџ аналитикс“, изјави за „Индипендент“, Гауранг Торвекар, извршен директор на „Индорс“, социјална мрежа која користи блокчејн.
Сепак, друг можен производ на блокчејн групата на Фејсбук може да биде развојот на криптовалута. Така и Фејсбук би тргнал по стапките на други технолошки платформи, како што е „Телеграм“, и ќе ги оствари предвидувањата на поранешниот советник во Белата куќа, Гери Коун, дека ќе се создаде глобална криптовалута.
Кон, кој поднесе оставка во март годинава како главен економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, рече деновиве дека очекува виртуелната валута да биде масовно усвоена низ целиот свет, но дека тоа нема да биде биткоинот.
Не верувам во биткоинот. Верувам во блокчејн технологија – рече Кон.
Претходно се шпекулираше дека на Фејсбук му треба сопствена криптовалута за да им плаќа на своите корисници да подготвуваат и објавуваат содржини. Како што потсетува „Индепендент“, изјавата на Маркус доаѓа само неколку месеци откако Закерберг откри дека неговиот личен предизвик во оваа година е истражување на корисноста од криптовалутите и блокчејн технологијата.
“Едно од најинтересните прашања во технологијата е централизацијата и децентрализацијата. Енкрипцијата и криптовалутите ја преземаат моќта од централизираниот систем и ја враќаат назад во рацете на народот. Заинтересиран сум да одам подлабоко и да ги проучувам позитивните и негативните аспекти на овие технологии и како најдобро да ги искористам за наша корист, напиша тогаш Цукерберг .