Фекалии се излеваат во Охридско Езеро (ВИДЕО)

Фекалии се излеваат директно во водите на Охридско Езеро, а пумпните станици од колекторскиот систем не можат да ја апсорбираат водата која канализационата мрежа ја прима, по обилните врнежи од дожд кои го погодија Охрид минатите два дена.

Неподнослива реа се шири од водата која од канализационите шахти се излева во населбата Воска кај „Стадион Воска“, потоа на неколку локации во населба Даљан, а непречистена вода се излева и од пумпната станица кај село Подмоље и истекува директно во Охридско Езеро.