Фелдмаер: Ова е мајка на сите рецесии

Претседателот на Институтот за светска економија од Кил, Габриел Фелбермаер, очекува дека пандемијата на коронавирусот ќе предизвика рецесија, која ќе биде „мајка на сите рецесии“.

Во интервју за економскиот весник „Ханделсблат“, тој рече дека епидемијата ќе предизвика тешка рецесија на германската економија.

– Стравувам дека оваа рецесија би можела да биде мајка на сите рецесии, предупреди Фелбмаер.

Доколку економската активност во текот на еден месец во Германија се преполови, тоа ќе ја намали годишната стапка на раст на земјата за четири проценти, а во случај на два месеци, ќе се зголеми за осум проценти, објасни тој. – Такво нешто досега не е видено во мирнодопски услови, појасни тој.

Фелбермаер, уште оценувам дека е погрешна мерката за контрола при влез на границите. – Тоа е потенцијална опасност. Со месеци владее страв дека испораката на производи од Кина, кои се важни за производството во Германија, можно е да изостанат, при што се заборава дека Кина доставува само десет отсто од таквите производи, а дека повеќе од половината доаѓаат од други земји од ЕУ, укажа Фелбермаер. Тој ја повика Владата да ја укине контролата на границите, истакнувајќи дека таа мерка не е доволно добра за намалување на ширењето на вирусот.

– Подобро е да се затворат регионите со висока стапка на инфекција, препорачува економистот. Покрај тоа, сигналот на гранични контроли е „разорувачки“. – Вирусот не се внесува од страна на некои странци, туку е веќе кај нас, потенцира Фелбермаер.