Виндо изнервиран и максимално разочаран од срамниот пораз во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, спортскиот директор на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Руди Фелер по натпреварот против ПСЖ изјави дека „фарамцевтите” делувале многу глупаво во сите 90 минути.
„Тешко ми е да го коментирам овој натпревар, но можам да кажам дека ме боли овој тежок пораз. Не е страшно да се загуби од тим каков што е ПСЖ, но глупаво е да се загуби со убедливи 4:0 и тоа на домашен терен. Делувавме многу глупаво. Мора да поправиме финалната слика, мора подостојно да се простиме од Лигата на шампиони”, изјави Фелер.