Шпанскиот фудбалски вецешампион Атлетико од Мадрид го ангажираше бразилскиот репрезентативен стопер Фелипе, досегашен член на португалски Порто.
Фелипе, чиј трансфер изнесува 20 милиони евра, би требало да боде првиот од новите одбранбени играчи во редовите на Ателтико, бидејќи клубот ќе го напуштат Диего Годин, Филипе Луис, Хианфран и Лукас Ернандес.
Бразилецот во Порто дојде пред три години од Коринтијанс, а за портигалскиот вицешампион одигра 142 натпревара.