„Фенербахче“ и „Макаби“ играа во иста боја на дресови

Голем пропуст се случи на меморијалниот турнир „Павлос Јанакопулос“ во Атина каде кошаркарите на „Фенербахче“ и „Макаби“ излегоа на теренот со жолта гарнитура на дресови.

Во натпреварот во кој гледачите во салата и тие пред телевизиските екрани мака мачеа да ги препознаат играчите, „Фенербахче“ го совлада „Макаби“ со 94:92.

Во вториот полуфинален меч, „Панатинаикос“ го победи „Химки“ со 90:63.