Кошаркарите на „Фенербахче“ ја одбранија титулата во турското првенство и станаа шампиони трет пат во низа, односно деветта во историјата. Тимот предводен од Жељко Обрадовиќ вчера во „Улкер арената“ во Истанбул го победи „Тофаш“ со 94:64 за конечни 4:1 во серијата.
Бекот на „жолтоцрните“, Бред Вонамејкер беше избран за МВП во финалната серија.
Ова е 40 титула за српскиот стратег во кариерата како тренер.