Фенербахче успеа да донесе врвен голгетер

Холанѓанецот Робин Ван Перси и официјално кариерата ја продолжува во турскиот тим Фенербахче.

Тој во неделата пристигна во Истанбул каде беше пречекан од голем број фанови на Фенербахче. Довчерашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден ќе ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе ја официјализира соработката со новиот тим.

Според некои информации Јунајтед од овој трансфер ќе инкасира 6,5 милиони евра, а Ван Перси треба да потпише четиригодишен договор со новиот тим.