Македонскиот фудбалски рпрезентативец Езгџан Алиовски е пред трансфер во Фенербахче, „жолтите канаринци“ соопштија дека начелно постигнале договор за позајмица, кој вечерва ќе пристигне во Истанбул на финални преговори.
Алиоски минатото лето се реши за печалба во Саудиска Арабија, но откако неговиот Ал Ахли испадна во втора лига, беше јасно дека Македонецот ќе се врати во Европа.
Изминатиов период имаше многу гласини за неговата иднина, подолго време се поврзуваше со Трабзонспор па потоа со Бешикташ и германски Фрајбург, за на крајот да заврши во Фенербахче.
Популарните „жолти канаринци“ попладнево соопштија дека начелно ја договориле позајмицата на Езгјан Алиоски, левиот бек вечерва ќе пристигне во Истанбул на финални преговори.