Фенербахче ќе го откупи договорот на Алиоски за 2,5 милиони евра

Турскиот гигант, Фенербахче комплетно ќе го откупи Езџан Алиоски од Ал Ахли за сума од 2,5 милиони евра, пишуваат турските медиуми.

Алиоски во моментов игра на позајмица во Фенербахче, сите во турскиот клуб се задоволни од влијанието на македонскиот репрезентативец во играта на тимот и го сакаат долгорочно.

Тие ќе го отпупат од Ал Ахли и ќе потпишат повеќегодишен договор со Алиоски.

Фенербахче во моментов е лидер во турската Суперлигата, а одлично настапува и во Лига Европа.