Фенербахче победи во петтиот натпревар

Во четвртиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата, кошаркарите на Фенербахче го победија Олимпијакос со 73:69 во Истанбул и израмнија на 2-2 во серијата до три победи.

Решавачкиот петти натпревар е закажан за 9-ти мај во Пиреја.

Петтиот натпревар ќе ги решава и дуелите меѓу Реал Мадрид и Партизан, и Монако и Макаби Тел Авив, додека досега само Барселона се квлаификуваше на Фајнл-форот победувајќи го Жалгирис со 3-0 победи.

Натпреварот во Истанбул беше речиси рамноправен во текот на целата игра, а најголемата предност на мечот домаќините стигнаа дури на самиот крај (70:63).

Олимпијакос го отвори натпреварот со серија 5:0, но Фенер брзо стигна до плус 5 (12:7). Во останатиот дел од четвртината гледавме израмнета игра, па првиот дел заврши со поен предност (18:17) за домашните.

Во вториот дел турскиот тим водеше со пет разлика (32:27), но на крајот гостите го свртеа резултатот во своја полза (33:32). Во поголемиот дел од третиот период Олимпијакос водеше, во некои моменти и со пет поени разлика, но Фенербахче ја намали негативата на само еден поен (48:49).

Првиот дел од последната четвртина го добија домашните (56:51), но гостите го претворија во +2 (58:56). На четири минути до крајот домашните поведоа со 62:60 и никогаш не ја испуштија предноста. Фенер на минута и пол до крајот стигна до +7 (70:63), што се покажа како непоправлива негатива за гостите.

Фенербахче до победата го предводеа Дишон Пјер со 17 поени, Тајлер Дорси со 16 и Најџел Хејс-Дејвис со 12 поени. Кај Олимпијакос најефикасен беше Шекиел МекКисиќ со 20 поени, а Исаја Канаан и Мустафа Фол со по 12 поени.

Олимпијакос и Фенербахче ќе го решат прашањето за патниците на фајналфор турнирот на 9 мај во Пиреја.

Ден подоцна Реал Мадрид и Партизан ќе го одиграат петтиот натпревар во Мадрид, а Монако и Макаби Тел Авив во Фонтвије.

Завршниот турнир во Евролигата е од 19 до 21 мај во Каунас.