Феникс го отпушти Монти Вилијамс

Феникс санс се раздели со тренерот Монти Вилијамс по елиминацијата од Денвер во полуфиналето на западната конференција.

Феникс следната сезона ќе се обиде со друг тренер да направи поголем успех, откако му врачи отказ на Монти Вилијамс по елиминацијата од Денвер.

Вилијамс во четирите сезони поминати во Феникс, двапати беше тренер на годината во НБА, вклучувајќи го пласманот во НБА финалето во 2021 година.