
Во дерби натпреварот на двете водечки екипи во НБА лигата одигран во Феникс, кошаркарите на Санс го совладаа на домашен терен Голден Стејт со 104-96 и со тоа се израмнија на врвот на табелата со ефект од 18-3.
За Феникс ова беше 17 победа во серија со која го израмнија клупскиот рекорд, а до триумфот стигнаа предводени од Деандре Ејтон, кој запиша 24 поени и 11 скокови. Најдобриот играч на Феникс, Девин Букер, мина на паркетот само 15 минути поради повреда на бутниот мускул.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу вторникот и среда:
Феникс – Голден Стејт 104-96
Бруклин – Њујорк 112-110
Торонто – Мемфис 91-98
Сакраменто – ЛА Лејкерс 92-117
Портланд – Детроит 110-90.