Феникс продолжи да реди победи во НБА лигата и во овој момент делува несопирливо за противниците, што го докажа и во дербито против Бруклин кој веќе извесно време игра без својот најдобар кошаркар.
Учинокот на повредениот Кевин Дурент тешко се надополнува и Стив Неш е свесен за тоа, додека од друга страна пак, „сонцата“ немаат никакви проблеми и најдобрите играчи се во најдобар ритам.
Девин Букер со 35 поени беше лидер во победата на Феникс од 121:111 со 35 постигнати поени, што всушност е 11 триумф во низа во НБА лигата за тимот во кој одлични се и Бриџис и Крис Пол.
Првиот го заврши мечот со 27 поени, искусниот Крис Пол уфрли 20, а на спротивната страна Кајри Ирвинг и Џејмс Харден уфрлија по 26, односно 22 поени.
Победничката серија на Денвер застана на бројот пет, бидејќи Нагетси ова утро претрпеа убедлив пораз на гостувањето во Минесота, тим кој успеа да најде против одговор за инспирираниот Јокиќ.
Србинот го заврши мечот со 21 поени, 16 скокови и 8 асистенции, но Минесота победи со 130:115 благодарение на Таунс и Принс кои постигнаа по 24 и 23 поени.
Детроит – Њу Орлеанс 101:111
Торонто – Мајами 110:106
Милвоки – Вашингтон 112:98
Минесота – Денвер 130:115
Чикаго – Орландо 126:115
Сан Антонио – Голден Стејт 120:124
Феникс – Бруклин 121:111