
Австријката Ана Фенингер се закити со златниот медал во супер веле слаломот на Зимските олимписки игри во Сочи. Фенингер до најсјајното одличје стигна со време од 1:25.52 минути, 55 стотинки предност во однос на олимписката шампионка во супер комбинација Марија Хефл-Риш од Германија. Бронзениот медал го освои уште една Австријка Никола Хоспкоја беше, пак, сребрена во комбинација.
Супер веле слаломот во Сочи донесе големи возбудувања но и исклучително тешка трка за сите скијачки поради лошата состојба на снегот. Високите температури си го направија своето, па снегот беше премногу мек што лошо се одрази на натпреварувањето.