Ферари ги подобри резултатите во однос на претходните сезони, но се чини дека тимот направи премногу стратешки грешки за време на трките и поради тоа е неминовно да има промени во раководството.
Италијанските медиуми тврдат дека Џон Елкан и неговите соработници веќе донеле одлука за крај на соработката со досегашниот тимски шеф Матија Биното и само недостасува официјална потврда од клубот.
Во Ферари не се задоволни од одлуките носени од тимот предводен од Биното, одлуки кои се претвораа во лоши проценки и грешки и носеа и потсмев за легендарниот тим.
Шпекулациите за отказ на Биното се појавија уште пред две недели, но тогаш беа демантирани, пред се поради трката во Абу Даби каде Ферари и Шарл Леклер имаа важни амбиции.
Најсериозен кандидат за наследник на Биното е Фредерик Васер, актуелниот тимски шеф на Алфа Ромео.