Ферари му го подари на Леклер болидот во кој оствари две победи

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, од петокот има нов автомобил, оној во кој во сезоната 2019 година ги оствари своите досега единствени две победи во трките за Светското првенство во класата Формула 1, со што се пофали на својот профил на Instagram.

„Нешто посебно штотуку стаса дома“, напиша 23-годишниот жител на Монте Карло со фографијата на болидот „SF90“ на Ферари со која славеше на трките за Големата награда на Белгија и за Големата награда на Италија Во Момца, кои се и двете последни победи на неговиот тим.

Од Фереари на Twitter возвратија на објавата на Леклер со пораката „се надеваме дека уживаш“.

Леклер во Ферари дебитираше во 2019 година, и во својата втора сезојна во Формула 1 му се придружи на четирикратниот светски првак Германецот Себастијан Фетел.

Но Леклер веќе во првата сезона се покажа поуспешен од Ферел кој на крајот на сезоната објави дека заминува од Ферари. На неговото место доаѓа младиот Шпанец Карлос Сајнџ џуниор, син на поранешниот двоен светски шампион во рели.