Францускиот интернационалец го напушти Олд Трафорд и за само 800.000 компензација премина во Јувентус, каде освои три титули во Серија А, една титула во италијанскиот куп, а беше избран и за најдобар млад играч на Светското првенство во 2014 година.
Во моментот кога Погба го напушти Манчестер Јунајтед, Фергусон го обвини младиот фудбалер за непочитување на клубот, но сега признава дека клучната улога за неговото заминување во Италија ја имал Раиола.
Има еден или двајца фудбалски агенти кои едноставно не ги поднесувам, и Мино Раиола, агентот на Пол Погба е еден од нив. Јас и Раиола сме како масло и вода. Уште во првиот момент кога го видов, знаев дека не можам да му верувам, пишува Фергусон во својата книга Leading.
“Стариот лисец” нагласува и дека сите во Јунајтед сакале да го задржат Погба во нивните редови.
Го имавме Погба под договор со времетраење од три години, со можност за продолжување на уште година, клаузула која сакавме да ја искористиме и да го задржиме на Олд Трафорд. Но оддеднаш се појави Раиола, и нашиот состанок се претвори во вистинско фијаско. Тој имаше силно влијание врз Погба и неговото семејство, што беше клучно за преминот на Французинот во Јувентус, објаснува поранешниот менаџер на “црвените ѓаволи”.
Пол Погба летово беше поврзуван со трансфер во Челзи, Манчестер Сити и Барселона, но тие трансфери не се случија.