Ако и се верува на познатата телевизиска станица, „СпортМедиаСет”, која е во сопственост на првиот човек на италијанскиот калчо гигант Милан, Силвио Берлускони, тогаш бразилскиот интернационалец од редовите на Порто, Фернандо Франциско Регес, веденаш на стартот од летниот преоден рок ќе биде преставен како најнова аквизиција на „росонерите”.
Италијанските медиуми потврдија дека потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, за време новогодишниот одмор во Бразил имал состанок со агентот на Фернандо и за време на истиот била договорена четиригодишна соработка со одличниот играч за врска кој на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер.
Фудбалерот на Порто ја прифатил понудата на Милан откако му било соопштено дека во следните 4 години ќе има годишна плата од 3,5 милиони евра што е за еден милион евра повеќе од таа што моментално ја заработува во Португалија.