Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, потврди дека наследникот на сер Алекс Фергусон, Дејвид Мојес, не ја искористил укажаната шанса да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Португалија, Порто, Фернандо Франциско Регес.
„Мојес пред еден месец беше контактиран од агентот на Фернандо. Му беше соопштено дека може без никакви проблеми да ги осигура услугите на одличниот играч за врска кој на карјот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер. Мојес беше свесен дека челниците на Јунајтед лесно ќе најдат решение кога е во прашање обештетувањето, но таквата понуда менаџерот експресно ја одби без да даде некакво обејаснување”, изјави блискиот извор од „Олд Трафорд”.
За разлика од Мојес, раководните лица на Манчестер Сити, Милан и на Интер, сакаат по секоја цена да ги осигураат услугите на одличниот играч за врска кој сигурно ќе си замине од Португалија на стартот од летниот преоден рок.