Холандскиот автомобилист Макс Ферестапен од тимот на Ред Бул ја оствари третата последователна победа а веќе петта оваа сезона, со убедливиот триумф на трката за Големата награда на Австрија во Шилберг и ја зголеми својата предност во борбата за титулата светски првак во класата Формула 1 пред актуелниот шампион Британецот Луис Хамилтон од екипата на Мерцедес, кон неделната трка ја заврши на четвртата позиција.
На домашната патека не неговиот тим, 23-годишниот Холанѓанец во неделата немаше вистински конкурент. Доминираше во сите сегменти, беше најдобар во квалификациите, дојде до победата и доби и дополнителен поен за најбрз круг на трката, на којашто дојдоа да го бодрат иладници негови сонародници.
Второто место го освои Финецот Валтери Ботас од Мерцедес, а трет беше Британецот Ландо Норис од Мекларен, кој третпат сезонава се искачи на победничкиот пиедестал.
А без место на пиедесталот, и тоа третпат сезонава, остана актуленот првак Луис Хамилтон, кој во завршницата на трката имаше технички проблеми со гумите и падна од второто на четвртокот место.
Ферстапен се прикажа како доминантен во трикратната програма, бидејќи во три седмици ги оствари сите три победи и речиси максималниот број бодови. Му недостасуваше само набјрзиот круг на Големата награда на Штаерска која беше возена пред една седмица на истата патека.
По деветте од предвидените 23 трки, Ферстапен е на водечката позиција во генералниот редослед со 181 бод, а второпласираниот Хамилтон има 150. Трет е Мексиканецот Серхио Перез од тимот на Ред Бул со 104 бодови, кој денеска во Шпилберг беше шестопласиран.
Караванот на Формула 1 од Австрија се сели во Велика Британија, каде што на 18-ти јули на патеката во Силверстоун ќе се одржи десеттата годинешна трка.
ПЛАНСМАН за ГН Австрија
1. Макс Ферстапен (Холандија/ Ред Бул-Хонда) 1:23: 54.543
2. Валтери Ботас (Финска/ Мерцедес) +17,973
3. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен-Мерцедес) +20.019
4. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) +46,452
5. Карлос Саинц јуниор (Шпанија/ Ферари) +57,144
6. Серхио Перез (Мексико/ Ред Бул-Хонда) +57,915
7. Даниел Рикиардо (Австралија/ Мекларен-Мерцедес) +1: 00.395
8. Шарл Леклер (Монако/ Ферари) +1: 01.195
9. Пјер Гасли (Франција/ АлфаТаури-Хонда) +1: 01.844
10. Фернандо Алонсо (Шпанија/ Алпен-Рено) едан круг
…
ГЕНЕРАЛН ПЛАСМАН ВОЗАЧИ
1. Макс Ферстапен 182 бода
2. Луис Хамилтон 150
3. Серхио Перез 104
4. Ландо Норис 101
5. Валтери Ботас 92
…
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН КОНСТРУКТОРИ
1. Ред Бул 252 бода
2. Мерцедес 212
3. Мекларен 120
4. Ферари 108
5. АлфаТаури 46